АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секторот за внатрешни работи Битола согласно новонастанатата вонредна состојба во државава, а со цел заштита на граѓаните од ширење на вирусот КОВИД-19 апелира до сите граѓани оваа година да се воздржат од поголеми собирања и групирања во близина на местото “Кркардаш” во Битола каде во спомен на “Светите четириесет битолски преподобни маченици” на ова место во храмот на 21.03 вечерта и утрото на 22.03 голем број на верници битолчани од сите краеви на градот во редовна ситуација се собираат и масовно го посетуваат.
Уште еднаш апелираме сериозно да ја сфатат ситуацијата и да ги почитуваат одлуките кои ги донесе Владата каде се вели дека се забрануваат секакви групирања и собирања на повеќе од пет лица на јавни површини,паркови и јавни места,бидејќи секој што не почитува ќе биде соодветно санкциониран.