2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Двајцата новозаболени се од потесното семејство на починатиот од КОВИД-19

Мај 07, 2020

Двајцата новозаболени од КОВИД-19, регистрирани во денешниот здравствен билтен, се членови на потесното семејство на 63 годишниот битолчанец кој почина од коронавирус, потврдија за апла.мк од Министетството за здравство

Како што објави апла.мк, битолчанецот на 4 мај почина во битолската болница неполн час по приемот, а посмртно кај него беше потврден вирусот.  Тој се јавил во болница со потешкотии во дишењето, а рентген снимките потврдиле пневмонија, по што бил хоспитализиран на Интерното одделение, но набрзо починал. 

Претходно не ја поминал епидемиолошката анкета кај матичниот лекар за тестирање на КОВИД-19.

Сега вирусот е потврден и кај двајца членови од неговото семејство. 

Од Клиничката болница во Битола вчера  за апла.мк изјавија дека медицинскиот персонал кој имал контакт со заболениот,  нема да оди во самоизолација, зато што запазени биле сите протоколо при третманот на пациентот кај кого постмортем беше потврден коронавирусот.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани