АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжува градбата на заштитниот ѕид на обиколницата над Битола.
„ЈПДП изработи проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола и од вкупната должина на обиколницата од осум километри, констатира дека има потреба за поставување на бариери на еден дел од обиколницата во должина од над еден километар. Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег“, рече претседателот на Советот Валентин Груевски.
Јавното претпријатие за државни патишта согледувајќи ја потребата за поголема безбедност и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население во февруари годинава потпиша договор за изградба на заштитна ограда на обиколница Битола.
Делницата на која се поставуваат бариерите започнува пред мостот до влезот на тунелот со тоа што на крајните делови ќе се постават ѕидови за да се спречи и поминување на пешаци.
Јавното претпријатие за државни патишта обезбедува услови на потребното ниво за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соодветно на категоријата на патот, како и заштита на населението од создавање на прекумерна бучава поради близината на нивните куќи до патот.
Бариерата ќе биде од бетон и гума.