2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Повторно гори на Обиколницата над Битола

Април 22, 2022

Густ црн чад се издига над Обиколницата кај Битола, откако попладнево жителите на Ромската населба на коловозот запалија оган од ѓубре и гуми.

Патот е блокиран, а на возачите кои сакаа да минат по обиколницата жителите им објаснуваа дека со денови се без струја и на овој начин протестираат поради тоа.

Отпад беше запален и пред точно еден месец на 22 март. Ваквите блокади во минатото беа многу чести, па се случуваше патот да не е во функција со денови. Пред година и половина беше поставен заштитен ѕид на обиколницата. Целта беше да се обезбеди поголема заштита за населението кое живее непосредно крај коловозот, но и да се спречи фрлање и палење на смет на сообраќајницата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани