2win800x200

Професор од Техничко училиште изработи 1200 визир маски во Битола кои беплатно се поделени

Јуни 10, 2020

Илче Ацевски, професорот по електро група предмети од Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ досега изработи над 1200 визир маски кои бесплатно се поделени низ медицинските установи и училиштата во градот. Денес тој достави заштитни маски во средните училишта во Битола за да може вработените безбедно да ги извршат уписите на учениците во прва година.

За да успее во мисијата користи два 3Д принтери од Техничкото училиште и уште два негови. За изработка на визир маските во Битола, од Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ и фирмата „Бабук“ му беа обезбедни 1000 парчиња вералит од што се иработува прозирниот преден дел од маската.

„Процедирата на изработка на визир маски не е брза зашто процесот на изработка на еден држач е час и половина. Досега во Битола имаме изработено 1700 визир маски, од кои 1200 јас, а вкучени се и Благој Стојчевски и Горан Веловски кои исто така сакаа да помогнат. Покриени се потребите на здравствени установи, но однесени се и визир маски по основните училишта, а денес и по средните“, изјави професорот Ацевски за Апла.мк.

Доставил заштитни визир маски скоро до сите училишта во Битола, а останува уште едно, за кое чека да му пратат пластика од Скопје.

„Сѐ ова се прави бесплатно, од хуман аспект и не ги продаваме. Парчињата вералит се броени и соодветно на материјалот и маски се изработени. Целта ни е лицата кои се на прва бробена линија со болеста, здравствените работници, да бидат заштитени, а и просветните работници на престојните усписи за учениците“, рече професорот Ацевски.

Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола на својот фејсбук профил изрази голема благодарност до СОТУ" Ѓорги Наумов" за несебичниот придонес кој го даваат преку донацијата на визири, а со цел безбедно спроведување на уписите во учебната 2020/2021 година.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани