2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нула денари комунална такса за деловни објекти во вонредната состојба и 5 денари до 15 ноември

Јуни 11, 2020

Корисниците на деловни простории во градот ќе бидат ослободени од комуналната такса за месеците додека трае вонредната состојба, а потоа до 15 ноември таа ќе изнесува 5 денари. Владата вчера ја прифати иницијативата на градоначалничката на Битола Наташа Петровска и донесе одлука со која се овозможи намалување на комуналната такса за корисниците на деловните простории.

 

„Ова е она што беше најавено пред два месеца од градоначалничката, односно носиме одлука со која комуналната такса за месеците во кои трае вонредната состојба ќе биде 0 денари за угостителските објекти и сите оние кои користат деловен простор пред своите куќани. 0 денари за  време на вонредна состојба. По завршувањето на вонредната состојба завршувајќи со 15 ноември цената на комунална такса ќе биде 5 денари, досега беше 15 денари“, изјави Валентин Груевски, претседател на Советот.

Иако дел од дуќаните не работеа два месеца поради ковид кризата, сепак ослободувањата важат и за нив зашто дел од нив во договори со последните елаборати што ги имаат и зимското пресметување обврзани беа со такса од 15 денари.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани