2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Валентин Груевски: 80 евра камата на ден по судскиот спор за „Сју Рајдер“ плаќа Општината

Јуни 11, 2020

Додека ги извртувате тезите и барате виновник во актуелната власт за судскиот спор за Домот за стари лица кој започнал  во времето на Владимир Талески, Општината дневно плаќа по 80 евра камата. Вака ја започна својата дискусија претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, по бурната дебата во Советот околу заклучокот кој го предложи мнозиноството да се повикаат надлежните институции да го истражат случајот со реконструкцијата за Старскиот дом, откако по правосилна пресуда Општина Битола на инвеститорот треба да му плати 300 илјади евра со камати за судски спор од 2016 година.

-Старскиот дом е пуштен во 2014 година, со договор од 2011. Сите договори, анекси, надзори биле до 2014. Судскиот спор започнал во 2016 гдина. Кој бил на власт и кој бил градоначалник на сите им е јасно. Наместо тие 20 милиони денари да ги распределеиме на нова улица, нови паркови, некој пред десетина година си играл и сега некој друг е крив за тоа. Каде е вината, дали некој прекинал судски спор за да види дали е лош или добар, како се прави тоа. Како се прекинува сусдски спор,како се прави ревизија на предмет за кој е започнат судски спор. Толку многу сте ги помешале тезите, што не можам да поверувам. За вас е темата зошто имало прес конфернција, зошто било кажано јавно. А темата е дека некој ни зема 20 милиони денари по судска пресуда за звршени работи. Дневната камата е 80 евра, тоа е на ден. Додека седиме овде и разговараме, 80 евра течат. До понеделник е 500 евра плус, рече Груевски.

Тој ги праша советниците дали со тоа што се против заклучокот, има некој кој не сакаа да биде откриен криминал

-Заклучокот што треба да го усвоиме е следен: Советот на Општина Битола ги повикува сите надлежни институции да го истражат случајот со реновирањето поради индикации за постоење основи за соменвање на сторени кривични дела по Кривичен законик. Дали има нешто спорно? Што згреши оваа локлна власт? Не требаше да се жалиме на Аплеација и Врховен суд? Не треба да го платиме долгот? 80 евра дневно е каматата. Не ги извртувајте тезите. Страшното е што ние губиме 20 милион денари, но немојте да го обвинувате некој што ги плаќа тие пари. Да видиме кој ги измешал работите. Парите по сусдката пресуда треба да се платат. Дали има криминал не е во надлежност на овој Совет. Ние како Совет бараме да се испита, затоа што не сме тие што испитуваме, рече Валентин Груевски на денешната сединца.

Заклучокот на Советот, надлежните да го истражат случајот со Домот за стари лица, не беше поддржан од сите советници

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани