2win800x200

Блиц интервју со Николче Талевски, носител на листата на ИНТЕГРА-Замислата се реализира со упорност

Јули 01, 2020

Блиц интервју со Николче Талевски, носител на листата на ИНТЕГРА Македонска конзервативна партија за петтата изборна единица

Талевски е битолчанец, доктор на технички науки- област сообраќај. Вработен во РЕК-Битола. Вештак од областа сообраќај. Тој е сопруг и  татко.

 

Апла-Кажете ни на кратко за Вашето битолско потекло, имате ли предци кои придонеле за Битола?

Талевски-Роден сум Битола и тука сум школуван, потекнувам од семејство на учители.

Моите родители се нешто на кое се гордеам, за жал и двајцата не можат да бидат денес со мене, но сум сигурен дека се горди на мене. Беа просветни работници – учители, а јас растев во конзервативна средина каде центарот на светот е семејството, односно децата, па родителите. Сега кога и јас сум родител започнувам да сваќам дека само тоа е исправното за напред.

Примарниот придонес на моите родители, нивните родители и на подалечните предци е дека учителството нуди изградба на една личност, а тоа е нешто кое нема цена. Останатиот придонес на моите предци не може да се спореди со примарниот.

 

Апла-Што ви го исполнува слободното време?

Талевски-Малку ми останува слободно време, а и тоа што е, ме земаат децата, па и јас сум дете.

Ме исполнува бракот,  сопругата која е столбот на куќата, зошто јас заради обврските често сум отсутен од дома.

 

Апла-На кои мигови од животот често се навраќате?

Талевски-Се навраќам на се во минатото ама на кратко. Се фокусирам на иднината , бидејќи сакам да уживам во секој момент сега и секој момент утре.

106554978 1405535292963030 6532359268313261666 n

 

Апла-Што беше пресудно да ја изберете оваа професија?

Талевски-Техничките науки се моја слаба страна. Во комбинација со право и економија во цел свет значат сигурен успех. Тоа го посакувам на секоја техничка наука која ќе овозможи силен правен статус на поединецот и економски бенефит за неговото семејство и за него.

 

Апла-Омилен настан од кариерата и настан кој сте го поднеле тешко?

Талевски-Одбраната на докторатот  е нешто кое беше  топ приоритет за мене. Го чувствував и духовно, но и физички претставуваше нешто кое за да се опише треба само да се  доживее.

Тешко се поднесува секој пораз, но наредниот ден прави рестарт кој животот го прави убав и тоа е најубавото чувство на синусуидална среќа.

106747273 1155893178112074 1367211014726494165 n

 

Апла-Кое е мотото на Вашиот живот?

Талевски-Замислата се реализира со упорност.

 

Апла-Имате ли хоби? Како ги полните батериите?

Талевски-Хоби ми е да потрошам пари на часовник иако имам повеќе од доволно. Морето ми претставува најубавиот полнач на батерии.

 

Апла-Која книга ви е омилена и зошто?

Талевски-Последна книга која ја имам започнато,  а не довршено за многу малку последните десетина страници е „Патот по кој поретко се оди” од Скот Пек и е нешто супер и после оваа кампања морам да ја довршам. А и морам да ја препрочитам. Затоа што дисциплината, емоциите, одложувањето и балансот,  задоволството до полна реализација се нешто кое само во оваа книга е компактна целина. 

 

Апла-Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?

Талевски-НЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани