2win800x200

Денес гласаат 19 болни од ковид-19 и лица во самоизолација од Битола

Јули 13, 2020

 

Посебниот одбор за ковид-19 гласачи уште рано утрово тргна на терен. Ќе посети 11 места каде има 19 заболени со коранавирус и лица во изолација. Одборот е составен од тројца доктори и уште толку претставници на политички партии. Носат комплетна заштитна опрема од скафандери, визири, качулки, маски, ракавици, мантили за процесот да се одвива крајно безбедно по нивното здравје. 

„Влегуваме внатре, облекуваме нова опрема, горен мантил, проверуваме кои се луѓето што треба да гласаат ги прскаме по рацете, ги дезинфицираме. Потоа тие ставаат маски и ракавици. Им се дава ливчето за гласање. Чекаме да гласаат , го земаме ливчето и се носи во посебен плик, затворен и се внесува во кутријата“, објаснува доктор Тихомир Велевски од Одделението за гинекологија при Битолската болница вклучен во Посебниот избирачки одбор.

Весна Томовска, претседател на Општинска изборна комисија вели дека гласањето започна од утрово во седум часот, кога првиот тим веќе излезе на терен, а потоа ќе биде земенет со друг тим.    

„Почна гласањето на лицата позитивни на ковид-19 и оние што се во самоизолација. Гласањето почна во 7 часот со тоа што избирачкиот материјал е предаден од страна на основните избирачки одбори на Посебниот избирачки одбор составен од здравственми работници. Во интерес на подобра заштита на здравствените работници, тие користат заштитна опрема“, рече Томовска.  

Утре гласаат болните, немоќните и хронично болните, затвореници и штитеници на Домот за стари лица „Сју Рајдер“  од Битола, а од други старски домови нема пријавени пласачи. 213 лица побараа да гласаат по основ на болест и неможност, 72 се од КПУ и 42 во Старскиот дом. 

„Заради превенција направен е увид на сите избирачки места, некои се преместени. Така, гласачките места од Музичкото училиште сега се во  училиштето Трифун Пановски за да се обезбедат дистанца и заштитни мерки', рече Томовска. 

 Во општина Битола вкупниот број на гласачи е 81 488 и има 170 избирачки одбори. Гласачкото место од село Злокуќани поради број на гласачи помалку од десет е преместено во Бистрица. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани