2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

БИТОЛА СО ПЕТ ПРАТЕНИЦИ ВО ИДНИОТ ПАРАЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ

Јули 16, 2020

Во идниот парламентарен состав од петтата изборна единица ќе влезат девет пратеници од Коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ и осум од Коалицијата „Обнова на Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ, велат од општинските ограноци на овие партии за Апла.мк. Се уште нема официјални податоци од ДИК за распределбата на мандатите.  

 

Според резултатите од аналитичките центри на партиите, дури петмина пратеници Битола ќе има во следниот парламентарен состав да се залагаат за интересите на градот. Од СДСМ идни пратеници ќе бидат универизитетскиот професор по англиски јазик, доцент и продекан за настава на Педагошкиот факултет, Бисера Костадиновска- Стојчевска, која беше трета на кандидатската листа на „Можеме“ и досегашниот директор на ЈП „Водовод“, инаку по професија машински инженер, Горан Козаров кој на листата беше број 9.

Според изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ниво на држава имаат три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ, според нивниот аналитички центар во петтата изборна единица освоени се осум пратенички мандати. Тоа значи дека оваа партија во идниот парламентарен состав ќе партиципира со тројца битолски пратеници. Тоа се оперскиот пејач Игор Дурловски, кој ја предводеше кандидатската листа, универзитетската професорка од Техничкиот факултет во Битолаи поранешен претседател на општинскиот Совет, Силвана Ангелевска, која на листата беше трета  и специјалистот по интерна медицина Олга Лозановска, досегашен советник во општинскиот Совет на Битола, шеста на листата.Според прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, разликата во пратенички мандати на ниво на држава е два.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани