АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кластерот со заболени лица од ковид-19 поврзан со работна организација е од текстилна фабрика во Битола, соопштија од Мистерството за здравство за Апла.мк. Вчера петмина од 11 новозаболени беа од овој кластер. Од Министерството за здравство селат дека фабриката престана со работа и ги испрати вработени на одмор.
„Од Центарот за јавно здравје Битола информираат дека кластерот е од текстилата фабрика.По првите два позитивни случаи по препорака на епидемиолог фабриката престана со работа и ги испрати работниците на двонеделен колективен одмор.Во меѓувреме направена е целосна дезинфекција на објектот и договорено е пред почнување со работа на објектот, епидемилог да направи увид и проверка на протоколите за работа и движење на работниците“, стои во соопштението на Министерството за здравство.
Во Битола покрај кластерот поврзан со текстилната фабрика има и три други семејни кластери. Од 84 заболени од почетокот на пандемијата, во Битола активни случаи има само 40
Ж.З.