АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денешните шест случаи заболени со ковид-19, тројца се хоспитализирани во Клиничката болница Битола, а резултатите потврдени се во МАНУ, одговараат од Министерството за здравство на прашатата поставени од Апла.мк Останатите три лица се на домашно лекување и се на возраст од 37, 48 и 61 годишна. Еден од нив има поврзаност со претходен кластер од приватната конфекција, другите двајца не даваат податок за поврзаност со претходно потврдени случаи со ковид- 19.
Хоспитализираните лица се на 27, 48 и 60 годишна возраст. Хоспитализираните негираат претходен контакт. Еден од заболените е вработен во јавно претпријатие, другиот во приватна фирма , третиот е пензионер, соопштија од Министерството на прашањата на Апла.мк.
Ж.З.