Анализа: Kои населби и села во општина Битола гласаа за СДСМ , А кои за ВМРО-ДПМНЕ?

Јули 25, 2020

1.Во населбата која со години важеше за бастион на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Јени Маале,  разликата се стопи на само на пет гласа предност за оваа партија. Тие освоија 743 гласови, а СДСМ  738.

2.Во источните населби на Битола како што се Мал Париз, Јени Маале, Кланица и Карпош ако гласовите се земат групно тогаш расположението е наклонето кон ВМРО –ДПМНЕ. И во Мал Париз (со разлика од 105 гласови), и во Јени Маале (само со пет гласови разлика) и во Карпош (80 гласови разлика) водеше ВМРО-ДПМНЕ. Од ваквата политичката наклонетост во овие населби отскокна само Кланица каде 22 гласови имаше повеќе СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ.

3.Горно и Долно Оризари, каде оваа локална власт правеше патишта и инвестира околу 6,5 милиони денари,а во тек е и постапка за реконструкција на нови улици,  и понатаму останаа гласачко тело на ВМРО-ДПМНЕ. Во Горно Оризари оваа коалиција овои 287 гласови повеќе од „Можеме“ , а во Долно Оризари 243.

4.Соседните населби Ушици и Триаголникот  останаа верни на Социјалдемократскиот Сојуз. Му обезбедија 125 гласови повеќе отколку на ВМРО-ДПМНЕ

5.Други две соседни населби пак, сосема поразлично гласаа, во реонот на Студенскиот дом предност од 67 гласови имаше СДСМ, а во месната заедница „Панде Кајзеро“ 54 гласови повеќе за ВМРО-ДПМНЕ. Слично е и на гласачките места во Техничкото училиште, каде за потсетување во изминатите циклуси гласаше и екс градоначалникот Владимир Талески, а  водство од 32 гласа обезбеди ВМРО-ДПМНЕ, во ОУ „Климент Охридски“ СДСМ со 41 глас повеќе пред противкандидатот. 

6.Центарот пак гласаше за СДСМ. Коалицијата „Можеме“ освои повеќе гласови на гласачките места во Пазари, дури 182, Грозд 114, Пошта 122, Завод и Музеј 124, Вељко Влаховиќ 194, Музичко 101,Стевче Патако 46, Библиотеката 129, Аероклуб 72, Камен Мост 41. Од низата се издвојуват само Гимназијата каде ВМРО-ДПМНЕ има освоено 18 гласови повеќе од СДСМ и во реонот на Скопската пивара каде исто така ВМРО ДПМНЕ има 26 гласови повеќе.  

7.Западот на Битола е за СДСМ. На гласачките места во ОУ „Трифун Пановски“, Педагошка, ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Елпида Караманди“, месна заедница „Коле Лачето“ секаде водеше СДСМ.

8.Двете баирски населби гласаа сосема спротивставено. На Смилевски Баир 36 гласови плус доби ВМРО-ДПМНЕ, а на другиот Баир убедливо водство има СДСМ, така на Тепсија разликата во гласови во полза на „Можеме“ е 340, а во ОУ „Ѓорги Сугарев“ дури 427 гласови или ова е најголемата разлика во цела Битола.

9.Во оклните населби гласачите повеќе им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Такви се населбите Боримечка, Брусничка населба и Буковски ливади.

10.Невообичаено е тоа што во некои од селата кои важеа за партизански, сега повеќе гласови освои ВМРО-ДПМНЕ. Во Лавци  27 гласови плус и Канино 30 гласови за колацијата „Обнова на Македонија“ повеќе од “Можеме“ (36 наспроти 6).  

11. Во подпелистерските села расположението поделено Орехово, Ниже Поле, Трново, Маловиште  за СДСМ, а Дихово и Братиндол за ВМРО-ДПМНЕ.  Цапари и Ротино едно крај друго, а првото наклонето кон ВМРО ДПМНЕ, а второто кон СДСМ.  

12.Од најблиските села околу Битола силите се поделени, Буково и Брусник се за СДСМ, Крклино, Поешево и Рашатани  за ВМРО-ДПМНЕ.  

13. Интересни ситуации има во пограничните битолски села.  Во Меџитлија сите 11 дадени гласови се за Коалицијата „Можеме“,  од Драгош гласало само едно лице и тоа за СДСМ, во  Кишава сите 53 за СДСМ, нула за ВМРО-ДПМНЕ. Во Острец 82 за „Можеме“’, само еден глас за ВМРО-ДПМНЕ. Кременица, Граешница, Породин, Жабени, Барешани за „Можеме“, а  Крстоар, Олевени, Егри, Бистрица само за 3 гласа ќе беше изедначено и Кравари  за ВМРО-ДПМНЕ.  

14.Од селата на патот за Ресен, расположението е проврмровско во Кажани, Ѓавато, во Доленци просдсмовски, а во Српци нерешено 12 со 12 гласа.

15.Од полските села во Логоварди , од каде ВМРО-ДПМНЕ имаше и функционери по потекло од ова село, СДСМ успеа да освои повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани