2win800x200

Денешните позитивни случаи се на возраст од 16 до 73 години, четворица не даваат податоци за контакт со позитивно лице

Јули 28, 2020

 

Денес во Битола се регистрирани 6 позитивни лица, на возраст од 16,31,65, 70,71 и 73 години. Од новорегистрираните 2 лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери, а 4 лица не даваат податок за контакт со позитивно регистрирано лице. Од контактите на новорегистрираните лица, за 21 лице е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат- ПО Битола). Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 64.

Во Демир Хисар денес е регистрирано едно позитивно лице на возраст од 39 години, а од неговите контакти за 4 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Новорегистрираното лице не дава податок за контакт со друго позитивно регистрирано лице. Вкупниот број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 24. Од вкупниот број на активни лица, 13 лица даваат податок за контакт со друго позитивно лице, меѓусебно поврзани во помали фамилијарни кластери.

Во Ресен денес нема нов регистриран случај, а регистрирани се 4 оздравени лица.

Во Кичево денес има регистрирано 5 позитивни лица на возраст од 19,41,42 (х2), 63. Само едно лице од новозаболените дава податок за контакт со друго регистрирано позитивно лице. Од контактите на новорегистрираните лица, за 6 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 82. Денес се регистрирани 3 оздравени лица и еден смртен случај кај лице на возраст од 72 години кое беше хоспитализирано во ГОБ “8 ми септември”- Скопје, стои во информацијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани