АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
27 годишно момче од Битола почина од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје. Таму било префрлено ма 27 јули откако му се влошила состојбата, а претходно се лекувало на Клиничката болница во Битола.
Момчето како дете имало малигно заболување, но се излекувало од него, а осатанале тешки имунолошки оштетувања, велат од Министерството за здравство за Апла.мк
"Починатиот пациент 27 годишно момче, хоспитализиран е на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест“, стои во соопштението на Министерството .
Момчето работеше во познат кафе бар во Битола, кој по појавата на симптомите кај него, времено го затвори објектот.
Ова е четврта жртва на ковид-19 од Битола.