Децата од јасли ќе дишат почист воздух во битолските градинки

Јануари 24, 2018

Четиринаесет прочистувачи за воздух донираа фирмите „Бимилк“ „Симпекс“ и „Кромберг и Шуберт“ во битолските детски градинки „Естреа Овадија Мара“ и „Мајски цвет“. На донацијата присуствуваше и битолската градоначалничка Наташа Петровска која изјави дека фимите на ваков начин ја покажуваат општествената одговорност и нивната грижа за најмалите поколенија во градот.

 

„Се радувам  што имаме стопанственици кои знаат што е суштината на општествената одговорност и ја искажуваат кај најостеливата категорија, нашите деца. Со ова покажуваме дека не само формално пристапуваме кон она што значи- децата се наша иднина, туку навлегуваме во суштината на тој пристап. Ова значи дека локалната самоуправа треба да чувствува уште поголема одговнорност за создавање на благопријатна клима во општината, па тие стопанственици развивајќи го својот бизнис можат да овозможат и вакви донаторски активности“, рече Петровска.

 Директорката на градинката „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска, изјави дека прочистувачите за воздух ќе бидат наменети за јаслите во градинките, а очекува за кратко време со такви уреди да се снабдат и другите простории.

Вработените во градинките и родителите апелираа кон акцијата да се приклучат и други хумани луѓе и фирми.

„Јас во оваа иницијатива сум од сам почеток и апелирам да се вклучат и други во акцијата зашто се набавени 14 прочистувачи на воздух, а ние на територијата на општина Битола имаме 67 занимални во детските градинки“, рече Петра Попристова, родител и еколог.

Солената соба „Солина“ донираше  ваучери за децата. 

 

27153070 336855460131160 971785181 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани