2win800x200

Вандали пак се изживувале- искршени и откорнати се таблите на добитниците за животно дело „4-Ноември“ во алејата во Градскиот парк

Септември 14, 2020

 

 

Нема крај на вандализмот и деструктивното однесува на поединци во Битола. И денеска  вандали  ја уништиле таблата во алејата на добитниците на наградата за животно дело „4 Ноември“ на Општина Битола во Градскиот парк. Таблата е искршена во мермерниот дел, а натписот е откорнат од металниот постамент и тоа повеќе од половината.  

 

И во февруари година вандали ги уништија сите три табли во алејата  на кои  со имињата на наградените Виолета Томовска и Благоја Стефановски-Баге.  Во оваа алеја Општина Битола од пред две години заедно со добитниците на наградите за животно дело сади симболично „дрво на животот“. 

По уништувањето во февруари, општината ги замени со нови, за сега повторно да биде нанесена истата штета.  

119637147 766432183926121 8341985480059396709 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани