2win800x200

Кузманоски-За секое прваче во Општина Новаци по 5000 денари

Септември 14, 2020

 

Советот на Општина Новаци донесе Одлука за одобрување на финансиски средства во висина од 5.000 денари –бруто износ на родителите на деца запишани во прво одделение во централното ООУ “Славко Лумбарковски” во Новаци и подрачните училишта во општина Новаци за учебната 2020/2021 година.

-Овој надоместок е со цел намалување на давачките на родителите кога семејниот буџет се преполовува за училишен прибор и книги при самиот старт на новата учебна година, вели градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски. 

Родители кои имаат запишано прваче во новата учебна 2020/2021 година во ООУ "Славко Лумбарковски" општината ги известува да поднесат Барање за паричен надоместок. 

 119523868 1150067922056112 6925351563091950004 o

Од општината ги известуваат родители кои имаат запишано прваче во новата учебна 2020/2021 година во ООУ "Славко Лумбарковски" да поднесат Барање за паричен надоместок во општина Новаци –во архива.

Потребни пропратни документи -
-Потврда од училиштето за запишана година
-Извод на родени од детето
-Фотокопија од лична карта на родителот
-Фотокопија од трансакциона сметка на родителот

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани