
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вистинска драма се случувала синоќа на улицата „Булевар 1 мај“ над Црн мост каде, како што објави апла.мк , се случи сообраќајна незгода.
Од полицијата информираат дека кај нив било пријаваена во 21.20 часот, дека дошло до сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(37) од Битола и патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(58) од Битола.
После незгодата 37 годишниот В.Т. со закани со остар предмет го одзел возилото на Д.Т и побегнал. Набргу потоа, тој бил фатен и лишен од слобода, при што ги попречувал полициските службеници во вршење на службените дејствија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесе соодветен поднесок.