АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нема да има цвен тепих на годинешното 41 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој нема да се одржи во својата претходна форма поради пандемијата со ковид-19. За разлика од седумте фестивалски дена од претходно, годинава ќе има само еден централен настан во Битола, што ќе се одржи денес на отворено во Пациото на Музејот на Битола. Влегувањето на гостите ќе се одвива од 17,45 часот, а од 18,30 часот ќе почне манифестацијата и директниот пренос.
„Основен мотив за оваа одлука е зачувувањето на здравјето на нашата публика, гостите и филмските работници во непредвидливата ситуација со пандемијата и негативниот ефект што оваа состојба ни го наметнува во сите сегменти на нашиот социјален живот“, соопштија од Фестивалот.
На овој настан нема да има повеќе од 80 гости, кои ќе треба да ги почитуваат сите мерки и протоколи за однесување на присуство на манифестација на отворено, донесени од Владата. Ќе има маски, ракавици, средства за дезинфекција и ќе мора да се почитува пропишаната дистанцата. Пред влегување на секој од гостите ќе му биде измерена температура и сите оние кои ќе имаат зголемена телесна температура, над 37 степени Целзиусови, нема да може да присуствуваат на настанот.
Централниот настан ќе трае околу еден час и со него ќе бидат опфатени поздравните обраќања на претседателот на државата, Стево Пендаровски, покровител на настанот, градоначалничката Наташа Петровска, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ Игор Иванов, и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот. Се очекува да присуствува и министерката за култура, Ирена Стефоска.
На фестивалот преку видео врска обраќање ќе има добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински. На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата што ја доделува ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот