2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Исчкртан споменикот за италијанските војници во Градскиот парк во Битола

Октомври 07, 2020

Откако за една година споменикот на италијанските војници во Градскиот парк во Битола два пати беше цел на вандали кои го кршеа и ја крадеа фигурата во жолто-златна боја, синоќа ова спомен обележје беше исчкртано со црн спреј.

 

Нагрдена е таблата со текст и мермерната спомен плоча на која беше исцртана симболична скулптура на светец заштитник на италијанските војници учесници во Македонскиот фронт 1916-1918 година. На ова место претходно имаа поставено фигура во жолто-златна боја која еден месец по откривањето на споменикот во март лани беше украдена, а се претпоставува дека некој ја откорнал зашто му наликувала како да е направена од злато. Потоа, уште еднаш споменикот беше демолиран од вандали.

Споменикот беше инаугуриран  на 29 март 2019 година кога на свеченост во Битола им се даде  почит на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Италија во нашата  држава  Карло Ромео.121003105 1819271741557506 541095402927881173 n

Вчера во Битола беше исчртана таблата пред споменикот на Филип Втори со натпис дека припаѓа на хеленската историја и цивилизација. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани