Наезда на тигрести комарци во Преспа по повлекувањето на водите од Езерото

Октомври 20, 2020

 

Наезда на тигрести комарци и се заканува на Преспа по повлекувањето на водата од брегот на  Преспанското Езеро. На проблемот предупредува професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, .
 
-Преспа се соочува со нов проблем: наезда на тигрести комарци . Во Преспа одам, ако не секоја недела, ама барем еднаш месечно веќе многу години. Отсекогаш ги имало оние мали, ситни комарци кои ноќе се собираат на светло, чие зуење можете да го чуете само во тишина и тоа ако ви се приближат до главата.
Овие новите, тигрести комарци се нов, досега невиден сој комарци на овие простори. Активни се преку целиот ден и тоа не само во непосредна близина на водата, туку и во блиските ливади и дворови. Многу се покрупни од обичните комарци, имаат труп со должина од 10-12 mm и препознатливи пруги на него. Зујат многу гласно и напаѓаат немилосрдно. Во саботата прв пат не успеав со кајакот да се приближам до езерото од нивните напади, а зуењето беше толку гласно што изгледаше како да се наоѓам среде пчелино улиште, само со повисока фреквенција. Не знам што мислат биолозите, дали овие комарци се населиле уште некаде во Македонија и дали овој сој е истиот што во североисточна Африка ја пренесува опасната болест западнонилска треска, пишува  професорот Трајковски.
 
Тој со апел до надлежното министерство за земјоделство. 
-Останува само да се надеваме дека овие комарци не дошле во контакт со причинителот на западнонилската треска, инаку лошо ни се пишува во цела Македонија.
Нека биде ова апел до надлежните во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нешто да преземат околу истекувањето на езерото додека не се случило нешто полошо. Пандемијата не опоменува дека болестите доаѓаат од никаде, а потоа остануваат и долго не можеме да се ослободиме од нив, вели Трајковски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани