2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ХОСПИСОТ „СЈУ РАЈДЕР“ СЕ ИСКАЧИ НА 12

Ноември 02, 2020

Бројот на заболени од лицата згрижени во хoсписот Сју Рајдер во Битола се искачи на 12, потврдуваат од Центaрот за јавно здравје во Битола. Од таму велат дека епидемиолозите се на терен. Двајца пацинети биле позитивни уште во петокот, а од викндов уште десет се позитивни на ковид-19. Денес се земаат брисеви уште од една група. Има и неколку од вработените кои имаат симптоми и сега се дома, па и тие ќе се тестираат.

Инаку, во хосписот забранет е влезот за невработени лица, како и за членови на семејствата на згрижените пациенти уште од почетокот на пандемијата. Овој хоспис е испостава на   ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13 Ноември’’ –Скопје. Има капацитет од 70 легла, а дел од згрижените лица се неподвижни.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани