АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, како пратеник е составен дел од македонската делегација која престојува во САД, а ќе има можност да присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде се очекува да биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.
На појадокот ќе присуствуваат високи функционери, дипломати и претставници на стотина земји од светот, кои ја користат оваа можност да разменат мислења, искуства и ставови за глобалните случувања и предизвици. Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален настан кој се смета за меѓународен собир во Америка, каде еден до друг седат функциониери од целиот свет.
Во рамки на посетата на САД, Кирацовски вчера оствари средба со конгресменот Роберт Адерхолт од Републиканската партија.
„Разменивме мислења за односите меѓу нашите две пријателски земји, за состојбите и можностите да се унапреди соработката и комуникацијата во интерес на граѓаните. Конгресменот Адерхолт силно го поддржува членството на Македонија во НАТО и реформскиот процес“, напиша Кирацовски на својот фејсбук профил.