АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тестирањето за КOВИД-19 во Центарот за јавно здравје се одвива без никаков застој. Во зависност од потребите, дневно се прават од 50 до 70 ПСР тестови и 20 брзи тестирања, вели за апал.мк директорката на Центарот за јавно здравје Елизабета Крстевска.
По реакциите на некои граѓани дека во дневните статистики на Министерството за здравство е наведено дека во ЦЈЗ-Битола има 0 тестирања, Крстевска вели дека немаше тестирање во неделата и вторниокот на 8 Декември кога беше празничен ден. Во понеделникот, во ЦЈЗ-Битола, биле направени 70 ПЦР тестови. Но, Центарот за јавно здравје дневно прави и по 20 брзи тестови, додека Здравствениот дом по 30 брзи тестирања, кои исто така влегуваат во официјалната статистика на Министерството за здравство.
Досега во Центарот за јавно здрваје, кој освен Битола ги опфаќа Ресен, Демир Хисра, Кичево вкупно се направени 9505 тестирања од кои 2735 се позитивни.