АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новогодишната порака испишаната со светлечки букви ЗДРАВјЕ, поставена во центарот на Битола не е решение одобрено од Општина Битола и не е визуелен избор на Општината, соопштија од локалната самоуправа. Поради ова и техничката грешка направена од лица задолжени за новогодишното украсување, овој елемент од новогодишниот амбиент е отстранет.
„ Денешната техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст“, пишува во соопштението.
Од Општината околу пораката на зборот здравје додаваат : „Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат.
Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство.
Декоративните елементи немаат никаква политичка или тенденциозна цел. Нивната функција е единствено да внесат убавина во нашето секојдневие и да ни помогнат што полесно да ја пребродиме оваа нова реалност.
ЗДРАВЈЕ какво што сите посакуваме нека не исполнува, а Битола нека зрачи со светлината која нејзините граѓани ја заслужуваат“, истакуваат од Општината.