2win800x200

ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СИСТЕМАТСКИТЕ АРХЕОЛОШКИ ИСКОПУВАЊА ВО ХЕРАКЛЕЈА

Февруари 14, 2018

Годинава продолжуваат систематските археолошки ископувања  во Хераклеја Линкестис. Според годишната програма што ја објави Министерството за култура, ќе продолжат систематските археолошки ископувања на Базиликата Е, кои ќе бидат поддржани за 200 000 денари. Уште толку пари Министерството ќе издвои  за ископувања во театарскиот плоштад. Ископувањата ќе бидат изведени под надзор на експерти од страна на битолскиот Завод и музеј.

 

Дополнително пари ќе бидат издвоени и за  систематски археолошки ископувања на локалитетот Градиште во село Црнобуки каде според претходни истражувања имаше претпоставки дека се наоаѓа Персеида или Линк.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани