ЛУВР И ВАН ГОГ ГИ ПРЕСТИГНАА „РОЛЕКС“ И „КАНОН“, ИСКУСТВА НА РУЖИН ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО АМСТЕРДАМ

Февруари 14, 2018

Најголемиот и најпосетениот музеј во светот, Лувр во Франција, потоа Музејот  на Ван Гог во Амстердам и Ријкс Музејот каде се наоѓаат дела од Рембрант, исто така во Амстердам, Холандија,  добија подобри оценки од едни од светски познатите  трговски брендови како „Ролекс“, „Лего“ и „Канон“.

Резултатите од рангирањето за рејтингот на институциите и трговските марки ширум светот беа објавени во студијата на професорот Сиес ван Рил од Ротердамската школа за менаџмент на Еразмус во Холандија  и аналитичарот на истражувања Патриција Хејндијк. Со истражувањето беа опфатени 12 000 лица од десет земји во светот.Ирена Ружин на излагањето

За резултатите било дискутирано на конференција на Меѓународниот совет на музеи што недомна се одржа во Холандија. Учествуваа голем број музејски маркетинг професионалци од целиот свет, а Македонија ја претставуваше битолчанката Ирена Ружин, доктор од областа на туризмот и експерт од оваа област вработена во Завод и музеј од Битола.

„Една од најреномираните компании во светот, ‘Ролекс’, постигна 80,38 бодови. Додека, Лувр, кој и понатаму останува најголем и најпосетен музеј во светот и покрај падот на бројот на посетители за 15 проценти оваа година, се најде на прво место во светот, постигнувајќи 84,3 бодови од можни 100. Музејот на Ван Гог во Амстердам, во кој е сместена најголемата збирка на дела и писма од Винсент ван Гог е ставен на второ место со 81,9 бодови. Ријкс Музејот  со 81,7 бодови на трето место“, вели Ружин.

Испитаниците ги оцениле музеите во просек со 79 бодови, а корпорациите  со 64,2 бодови.

„Јавноста ги смета музеите за институции од доверба повеќе отколку профитните бизниси. Настрана од разновидноста и атрактивноста на нивните колекции, музеите се здобија со врвни резултати поради нивното внимание кон општествената одговорност, вклучувајќи ја и заштитата на наследството “, вели Ружин.

Таа беше една од 35-те излагачи на конференцијата каде зборуваше за 4 Д- виртуелна урбана уметност, а настапи под уставното име Македонија.3. Van Gogh museum Director reception

(фото Музеј на Ван Гог)

Холандија како домаќин на оваа конференција ширум ги отвори вратите на повеќе од 50 музеи во Амстердам, Хаг, Ротердам и Утрехт. Посетите беа организирани во вечерните часови, кога музеите беа празни, а им беа презентирани и најуникатните поставки. 6. Diamond Museum

(Фото: Музејот на дијаманти)

Учесниците на конференцијата имааа можност одблизу да ги видат делата на Рембрант, меѓу кои и најпозната „Ноќна стража“ во Рајкс Музејот. Потоа, ремек делото на Вермер „Девојката со бисерна обетка“ во музејот „Маурициус“во Хаг, во Музејот на Ван Гог портери, автопортрети и познатите пејсажи „Сончогледите“, „Цут од бадемово дврво“, „Жолтата куќа“, „Ириси“ и графиките на Ешер во истоимениот музеј познати по илузиите „Метаморфози“, „Ден и ноќ“, „Раката со сферно огледало“ и други. Ги посетиле и Mузејот на дијаманти, Музејот на филмот и Музејот на микроби.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани