2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Црвените стени“ му донесоа Златна плакета на Петар Ставрев за документарен филм

Декември 17, 2020

Вистинската приказна за Црвените стени на Пелистер со нивната природна убавина, како и облеаноста со крв од Првата светска војна, преку документарен филм ја овековечи битолскиот фотограф, новинар и хроничар Петар Ставрев. За неговиот документарен филм “Црвени стени“ доби Златна плакета на 49 Државен фестивал за непрофесионален филм. Во него верниот вљубеник во планината со црвено вино во рацете шета низ Црвените стени, капнувајќи по некоја капа во спомен на сите кои се бореле и загинале таму, но и во чест на сите оние кои ќе го посетат местото за да ги видат неговите величенствени убавини. Посакува во иднина да има се повеќе посетители кои ќе уживаат во убавините на овој дел од Пелистер, цвеќињата во пролет и лело, музиката на птиците, вечноста на карпите, убавината на пејсажот, чистиот возух.  Во своето обраќање преку филмот дава сеопфатен запис за историјата на Црвените стени се до денес. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани