Премиерот Заев во посета на обновениот Офицерски дом во Битола
Декември 19, 2020
-Се грижиме за драгоценото наследство кое им го оставаме на идните генерации, Офицерскиот дом блеснува во стариот свој сјај.
Офицерскиот дом е од големо значење за битолчани, неговото постоење е совршен спој на минатото и сегашноста, на културата, традицијата и историјата. Објектот кој се користел за балови, а има најсоодветна акустична сала за концерти ќе биде ставен во функција во 2021 година, пишуваат од Владата на Р.С.Македонија.