2win800x200

(Фото) Премиерот Заев и директорот на ЕСМ, Ковачевски ги промовираа новите еколошки автобуси за работниците на „РЕК Битола“: европските еко стандарди ги носиме дома!

Декември 19, 2020
 
Претседателот на Владата Зоран Заев и генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски, во придружба на  директорот на РЕК Златко Ќурчиевски и други раководни лица денеска, промовираa шест нови еко-автобуси на природен гас-метан наменети за превоз на работниците на „РЕК Битола“.
 
Инвестицијата вредна 1,4 милиони евра е финансирана со сопствени средства на АД „ЕСМ“ и претставува реализирање на определба опфатена во програмата на Владата.
 
„Набавката на новите автобуси на природен гас е исполнување на ветувањето на Владата и „ЕСМ“ за подобрување на условите за работа  во комбинатот, за намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина. Со ова го менуваме застарениот возен парк во РЕК во кој со години не било вложувано. Со набавките на новите еколошки автобуси се зголемува безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК Битола кои работат во исклучително тешки услови. Од еколошки аспект автобусите кои досега ги превезуваа работниците не ги исполнуваа нити минималните еколошки стандарди. Овие автобуси несебично ќе се стават на располагање и на околните општини, односно кога нема да превезуваат работници, ќе можат да ги користат за превоз на ученици, студенти, пензионери, членови на спортски клубови, на здруженија, невладини организации“,  нагласи премиерот Заев на настанот.
 
Што се однесува до „РЕК Битола“, на денешниот настан беше посочено дека во изминатите три години направени се капитални ремонти на секој од трите блока на Термоелектраната. Почнувајќи од 2018 година со Блок 1, продолжувајќи во 2019 година со Блок 2 и завршувајќи годинава со капитален ремонт на Блок 3, АД „ЕСМ“ и „РЕК Битола“ ги направија неопходните зафати со цел зголемување на ефикасноста на постројките.
 
„Со овие зафати покажуваме дека нашите заложби за чиста животна средина и намалување на емисијата на гасови, не се само празни ветувања, туку се спроведуваат во пракса. Тоа не беше случај претходно. И покрај конкретните препораки дадени во 2010 и 2011 кога последно се модернизираа Блоковите 2 и 3, ремонтот да се направи, не подоцна од 6 години, Владата тогаш предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не го направи тоа. Затоа, капиталните ремонти на трите блока во РЕК Битола беа еден од приоритетите на „ЕСМ“ и „РЕК“ со целосна поддршка од Владата и истите беа изведени согласно претходно наведената динамика“, изјави премиерот Заев.
 
Генералниот директор на „АД ЕСМ“, Васко Ковачевски изрази благодарност кон Владата и претседателот Заев за поддршката при инвестирањето во енергетиката и посветеноста на проектите во енергетскиот сектор.

,,Нашата определба е сите нови инвестиции, во било кој сегмент од „АД ЕСМ“, да бидат во правец на трендовите кои значат определба да живееме и работиме во знакот на зелената боја, а согласно тоа - и да се движиме на зелено. Овие шест еко-автобуси, кои користат природен гас-метан и кои не произведуваат загадувачки издувни гасови, ја покажуваат нашата определба кон извори на енергија, инвестиции, возила, кои  сè помалку ќе загадуваат,  и кои ќе не движат кон  сè  почиста, па и целосно чиста средина во следните години и децении, како поставена цел во светски рамки и тренд кој е веќе трасиран. Претходните автобуси беа стари, набавени поволни и беа во исклучително лоша функција, многу загадуваа. АД „ЕСМ“ и вчера помогна на Битола. Со три милиони денари, кои ги заштедивме со неизработка на новогодишен рекламен материјал годинава, обезбедивме довод за кислород во модуларните болници во Битола и во Кичево. И тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина“, рече Ковачевски.
 
Сувенир изгработен во вид на голем клуч му беше предаден симболично на директорот на РЕК Златко Ќурчиевски зашто понатаму со автобусите ќе стопанисува оваа компанија. 
 
На секој од автобусите има испишана еко парола. Добавувач на модерните и еколошки возила е турска компанија. 131899347 1604534753083332 2976291370807497664 n
 
 131894799 184100093420197 8574780964209846844 n

131892931 811433212750886 1350151605494470239 n

авто2

 

131485681 315668482944725 5967221730274643615 n
 

132010452 321377972288818 8260897691975686647 n

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани