2win800x200

Ќе се обидеме и годинава да ја стабилизираме цената на струјата, рече Ковачевски

Мај 25, 2021
,,Како акционерско друштво нити можеме да ги потврдиме, ни да ги демантираме  шпекулациите во јавноста околу цената на струјата", рече генералниот директoр на АД ЕСМ Васко Ковачевски запрашан дали по најавите на премиерот за производство на зелена енергија, ќе има и скок на цената на струјата. 190213530 2920654724877599 329249522243613779 n
 
,,Одлуката ја носи Регулатирната комисија која е независно тело. Иако законската обврска за годинава е да испoрачаме 70 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум како компанија ги правиме пресметките и напорите да испорачиме повторно како и минатата година 100 проценти електрична енергија по цена која ќе ни ја регулира Владата.Се надевам и очекувам цената во нашиот дел како ЕСМ да нема промени иако учествуваме со нешто околу 40 проценти во вкупната цена на струјата. Сметам дека и годинава ќе ја стабилизираме цената да нема зголемување или ако тоа евентуално се случи, за што одлучува Регулатoрна, да биде нешто минимално во факторот на корекции", изјави Ковачевски.
 
Тој потсети дека уште од 2017 година кога ја презедоа компанијата како нова извршна власт ја вратија евтината тарифа и либетализацијата на пазарот кога учествуваа со најминимална цена кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, со што, како што истакна Ковачевски, ЕСМ застанака како заштитник на ниската цена на струјата, а сето тоа на товар на компанијата и државата. 
 
,,Но, нашата држава се стреми кон зелено сценарио за производство на енергија. Тоа значи дека за две-три години РЕК Осломеј треба да биде затворен, во 2025 година Блок 1 да биде угаснат, а следствено на тоа и Блок 2 и 3. Треба да изградиме нови гасни електрани, фотоволтаици, ветерни паркови, во постапка е тендерот за изградба на Чебрен, сите тие инвестиции поради енергетска стабилност на државата, но и еколошките инвестиции во филтрите во РЕК и други еколошки проекти значат значајни средства на инвестиции од нашата компанијa и државата. Ние изнаоѓаме начини, во овој момент ги правиме сите заштеди на сметка на непродуктивните трошоци. Но, во следните неколку години ќе треба да се прилагодиме на новите трендови", напомена Ковачевски. 
 
Тој уште посочи дека цената е берзански производ и можат да влијаат само  до одреден простор со тоа што ќе испорачаат што повеќе струја по пониска цена од другите компании. 
 
,,Нашата цена минатата година кон ЕВН Хоум беше 33,8 евра од мегават час, но ако ние не учествувавме со 100 проценти, тогаш можеа да набават енергија по 64, 82 или по 115 евра од мегават час. Во овој момент ние во јуни настапуваме на набавката на ЕВН Хоум со 22 евра пониска цена од  берзанската  на Хупес за јуни, јули и август. Се ќе направиме во наши рамки и во рамки  на можностите на Владата да се супституираат овие минусни салда, но на крај на денот најважно ни е да нема ценовни шокови кон граѓаните, но кон индустријата, произвидството", рече Ковачевски. 
 
Директирот на РЕК ,,Битола" Златко Ќурчиевски рече дека од минатата година , па наваму се соочуваат со низа опструкции во производствениот процес, но дека со натчовечки напори се обидуваат производството да тече според планираното. 190070113 229365895233488 6649111543679730244 n
 
,,Заклучно со 20 мај рудниците испорачаа 1 625 000 тони јаглен што е многу блиску до проектираното. Очекуваме годината да ја завршиме на проектираните 4 800 000 тони јаглен, што ќе биде доволно да го исполнине производствениот план од 2750 гигават часа. Во изминатиот период, лани, а проблемите продолжија и оваа година се соочуваме со низа опструкции во производниот процес, пред се поради поплавите но и поради неископаната јаловина во изминатите 15 години. Со надчовечки напори, инвестиции во производствоти, оптимисти сме дека во вториот дел од годината ќе го реализираме планираното", рече Ќурчиевски. 
 
АД ЕСМ, РЕК и синдикалните организации донираа машина за чистење подови, средства за хигиена и дезинфекција, како и 13 000 шишиња со вода  за вакциналниот пункт во Битола.189858735 190455099608823 2449172546223852117 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани