АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали уништиле дел од споменикот „Руски крст“ во Битола, подигнат во Градскиот парк. Утрово неколку гранитни плочи беа на земја, а оштетени се и скалите. Споменикот на „Руски крст“ е подигнат на 8 август 2003 година во чест и слава на рускиот императорски конзул во Битола Александар Аркадиевич Ростковски по повод 100 годишнината од неговата смрт. Ваквото вандалско однесување продолжува во континуитет откако од почетокот на годинава беа оштетни и споменици на борци од НОВ и Италијанскиот споменик на паднатите борци на Македонскиот фронт.