2win800x200

Млади виолинисти од Битола направија Новогодишен концерт

Декември 27, 2020

     

  Новогодишен концерт во изведба на ученици од Државното музичко училиште – Битола во класата по виолина на професорот Зоран Маневски. Имено, за да ги збогатат новогодишните и божиќни празнувања тие на јутјуб каналот постираа снимки од композиции кои заедно со професорот ги подготвија во текот на првото полугодие. Она што е интересно е тоа дека на снимките се слуша пијано придружба а не се гледа корепетиторот. Учениците, од професорот на мејл добија снимка со пијано придружба во mp3 формат од композициите кои ги свират. Со голема помош од страна на родителите се дојде до крајниот продукт и снимки кои професорот ги состави во една целина. Интересен и инвативен начин за работа во образованието во овие услови на пандемија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани