2win800x200

Битолската гимназија слави 76 години настава на македонски јазик

Февруари 06, 2021

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ одбележува 76 години од одржувањето на првиот час на наставен македонски јазик во средно училиште во земјава. Темелите на средношколскиот образовен систем на мајчин јазик биле удрени во ова училиште, на 6 февруари 1945. За создавањето услови за почеток на наставата бил задолжен Крум Тошев, член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик, а исто така коавтор на првиот „Македонски правопис со правописен пречник“. Работел на изработка на планови и програми, како и оспособување на зградата на Гимназијата за прием на нови ученици.

На првиот Наставнички совет било одлучено средното училиште да се вика „Гоце Делчев“. По свеченото отворање, над 500 ученици започнале наставата на македонски јазик. Прв директор дил професорот по физика Ордан Печијаре, а работеле 16 наставници.gimnazija bitola2

Ова е едно од најстарите училишта во Македонија со континуиран образован процес цели 128 години, откако во 1892 година започнало да работи како нижа гимназија на турски јазик. За време на двете светски војни и периодот помеѓу наставата била на српски и бугарски јазик, но и покрај тоа станало упорише на македонски патриоти. Така, учениците во 1920 година без дозвола на управата зеле учество во изведба на драмата „Македонска крвава свадба“ на Војдан Чернодрински, по што биле казнети. Била формирана и илегална библиотека надвор од Гимназијата, каде биле добиени и првите литературни творби на македонски јазик „Бели мугри“ од Кочо Рацин и „Песни“ од Коле Неделковски. Се учеле на памет со чувство на голема национална гордост.

Гимназијата е училиште со долга традиција, синоним за кавалитетно образование, добитник на бројни награди, признанија, одликувања. Од неа излегле дури 18 академици, 6 градоначалници, 3 ректори и конзули. Од изминатите генерации денес има успешни инженери, лекари, професори, писатели, уметници, научници… Меѓу нив се Михаил Петрушевски, Коле Чашуле, Петре Андреевски, Ѓорѓи Филиповски, Владо Камбовски, Ѓорѓи Чупона, Анте Поповски.

„Традицијата на успешност Гимназијата ја негува и денес. При сите рангирања што ги изврши Државниот испитен центар, училиштето беше на прво или второ место, од вкупно 95 средни училишта. Ученици од Гимназијата учествуваа на Светската олимпијада на математичари и природни науки каде постигнаа значајни резултати. Училиштето веќе 15 години, секоја година се прогласува за севкупен победник во сите спортови меѓу средните училишта во Општина Битола, а во 2014 ја доби и наградата „Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта“ што ја доделува Владата“, рече при една прилика директорката Фанија Наумовска.

Од ланскиот 6 февруари, па се до годинешниот, и покрај ковид кризата, имаше големи вложувања во осовременување на условите за наства. Во изминатите месеци се  модернизираа неколку училници, кабинети со нов мебел, нагледни средства, телевизори, како и компјутери, лаптопи и графички таблети кои го олеснаа процесот на онлајн настава. Модернизацијата ја помогнаа Општина Битола, ЕСМ, Ротари клубот и други. 

 гим

 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани