АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод 76 годишнината од основањето, утре, 25.03.2021 година во 11 часот , ќе се одржи промоција на Зборникот на стручни трудови „Училишните библиотеки во Битола и Битолско“.
Темата на проектот „Училишните библиотеки во Битола и Битолско“, кој е одобрен од Министерството за култура од областа на библиотечната дејност за 2020 година, беше предизвик за раководителите на проектот Ленче Андоновска и Гордана Пешевска, библиотекари советници, да се навлезе подлабоко во работата, функционирањето и проблемите во училишните библиотеки, како и да им се даде примат на овој вид библиотеки кои постојат многу одамна во склоп на основните и средните училишта во Битола и Битолско. Со тоа се заокружува една форма и областа на библиотечната дејност и работа, особено важна за воспитно-образовниот процес.
За таа цел воспоставени се контакти со библиотекарите во училишните библиотеки, а во поголемиот дел извршен е увид и истражување во училишните библиотеки, односно истите се посетени и, во соработка и одредени консултации со библиотекарите, од нивна страна изработени се стручни трудови за нивните училишни библиотеки (историјат, развој, книжен фонд, активности и сл.) и истите се доставени до раководителите на проектот..
Застапени се 23 стручни трудови, врз кои е извршена лектура, истите се компјутерски обработени и отпечатени во Зборник на стручни трудови, кој за првпат се објавува и претставува одраз на опстојувањето, работата, развојот на дејноста и активностите од областа на библиотекарството во овие средини – основните и средните училишта во Битола и Битолско во минатото, сегашноста и иднината. Со особен респект кон раководителите на наведениот проект, кои се зафатија со реализација на оваа макотрпна работна активност која успешно и на најдобар можен начин ја извршија, сублимирајќи и соединувајќи ги сите училишни библиотеки во Битола и Битолско преку нивната долгогодишна дејност и активност, а трудовите кои произлегоа од овој проект да ги објават во публикацијата Зборник на стручни трудови, што самиот по себе има научна, но и репрезентативна улога и мисија пред нашите читатели, но и многу пошироко, при што во целост го оправдува потфатот и трудот на авторите Ленче Андоновска и Гордана Пешевска, извршувајќи ја оваа благородна дејност. Оваа публикација воедно го збогатува и надопол- нува фондот на изданија при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, со литература од областа на библио- текарството и библиотечната дејност во Битола и Битолско.