Регионалнот пат Кажани-Ротино доби нов асфалт во должина од 3400 метри, со ширина од 6 метри, а исто така на потегот од месноста Бела чешма – Цапари, се изврши делумна санација на коловозот со нов асфалт во должина од 700 метри.
Потегот се санираше од страна на екипите на Македонија пат, по претходна иницијатива на локалната самоуправа за санација и реконструкција на патиштата во овој дел од потпелистерието.
Минатата градежна сезона, во должина од 2 километри, беше аасфалтиран регионалниот пат Битола-Кажани.