2win800x200

Tрпчевски: се откажав од доградбата поради грешки на Општината, од локалната власт велат со вонреден инспекциски надзор констатирале дека ја отстранувал бесправната градба

Април 28, 2021

Приватната болница „Плодност“ нема да врши доградување на објектот по несогласувањата што околу градбата ги имаше со Општина Битола, туку на местото ќе го врати стариот паркинг, соопшти сопственикот Таше Трпечвски

„Дефинитивно се откажувам од оваа инвестиција, можеби во иднина ќе ја реализирам доколку некој умее да го цени она што јас го првам и да ги цени придобивките на градот и битолчани од оваа инвестиција. .Јас сакам да ја изразам мојата длабока разочараност за тоа што градот не успеа да ме препезнае , не препозна во мене ни инвеститор ни хумансит, ни професионалец од највисок ранг. Ќе вработевме нови 60 луѓе. Жал ми е е што немам простор да воведам компојутерска томографија и да отворам гастроскопија со колоноскопија“, рече Трпчевски.

Проблемот настрана минатата година кога на „Плодност“ му беше доставена пресметка од 6,5 илјади евра за комуналии кои ги плати, но не доби дозвола за градба, за по неколку месеци   да дознае дека пресметката е грешна и треба да плати уште 112 000 евра на што се жалел до Министерство за транспорт и врски. Кога поднесол барање до Општина за нова премсета вели дека добил одговор да ја повлече жалбата, но иако го сторил тоа, до денес пресметака не добвил.

Од Општина Битола соопштија дека остануваат доследни дека законот важи за сите и не може да се гради без градежна дозвола.

„Инвеститорот изминатиот викенд работел на градежни активности – отстранување на бесправната градба. Истото е констатирано на терен при извршениот вонреден инспекциски надзор“, соопшптија од Општината.

Додаваат дека од нивна страна експедитивно брзо и во рамките на законските рокови е водена целата постапка се` до воочувањето на неправилноста, по што се преземени сите законски мерки. Додаваат дека за неправилноста во пресметката спровеле процедура на проценка на одговорност со внатрешна контрола и ревизија на постапката. По утврдената грешка не можеле да издадат одобрение за градба зашто тоа е кривично дело.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани