2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Бегови пиеле од Бегова Чешма, а Пелиснопје горело за Илинден

Март 16, 2018

Локациите на Пелистер се многу познати, но ретко кој го знае значењето на топонимите кои кријат многу историски вистини и љубовни легенди.

 

 

По легенди, но и вистински револуционерни, љубовни и други животни приказни месностите на Пелистер добивале имиња низ вековите. Во Македонија нема кој не слушнал за Бегова Чешма, Копанки, Јоргов Камен, Палиснопје .... Но, малкумина знааат што значат и од каде доаѓааат нивните топоними. Нивното потекло го истражувал битолскиот историчар Ѓорги Димовски- Цолев, денес покоен, а на живот ги објавил во трудот „Преглед на топонимите во Националниот парк Пелистер“.

Барџов Камен наречен по илинденски маченик

            Кога се споменува Илинденската епопеја, најчестите асоцијации се поврзуваат со Крушево. Но, Цолев истакнува дека со овој дел од македонската значајна историја е поврзана и месноста на Пелистер позната како Палиснопје. Тој запишал „ако од Вилата на Лазо се продолжи по големиот пат се стигнува до мала ширинка со клупи, како и спомен обележје за загинатите на Пелистер во Илинденското востание. Името е составено од два збора палам и снопје бидејќи овде со палење на снопје се давал сигнал за подигањето на востанието во 1903-та.“

            Некои од востаниците доживеале маченичка смрт токму на Пелистер. За тоа сведочи Барџовиот Камен над Голема Чука во близина на Маловишка Река. Топонимот излегол од името на раководителот на илинденските востаници во потпелистерското село Маловишта, Стеван Барџо. Откако на измама бил фатен и однесен во месноста Рудина, бил избоден низ телото, му биле извадени очите и по сурови измачувања фрлен во провалија од каменот кој народот го нарекол во него.    

            И Турците за времето на османлиското владеење знаеле за убавите предели на Пелистер. Од тогаш името го носи и познатата Бегова Чешма подигната на 1430 метри надморска височина. Така била наречена бидејќи таму навраќале бегови да го минат слободното време во ладовина и мир. За да им биде јадењето послатко си направиле и чешма. Потоа, месноста Чурдаки на патот кон Малото Езеро го добила името зашто наликувала на чардак и на тоа место уште во турско било обичај да се прават веселби за младоженците.

Трага од коњот на Крали Марко

            Најпознатата легенда поврзана за Пелистер е онаа за јунакот од епското народно творештво Крали Марко. Пред месноста Копанки се наоѓа ширина именувана како Марково Копито. Таму божем Марко своевремено со својот коњ Шарец скокнал од еден камен на оваа ширина до врвовите на Пелистер. При скокањето коњот со копитото оставил трага врз каменот, која и денес постои и е вдлабнатина која наликува на коњско копито.

            Но, освен приказни, планината крие и љубовни несреќи. Таква е легендата поврзана со Јоргов Камен , грамада од високи камења на 1744 мнв. Се верува дека некој си Јорго разочаран од љубовта се фрлил од камењето. Уште повисоко, на 2000 метри, се наоѓа месноста Два гроба каде биле закопани најверојатно двајца браќа или светијони, жртви на клевета.

            „Едниот од нив бил излажан дека жена му имала недозволени односи со неговиот близок. Опседнат од навредата го намамил роднината на тоа пусто место, го убил и скришно го закопал. По злочинот разбрал дека тоа не било вистина, па овој пат опседнат од грижа на совест отишол на истото место и се самоубил. Кога бил случајно пронајден го закопале до неговиот близок роднина“, запишал Цолев.

Девојка најдена премрзната на 2000 метри

На иста надморска височина се наоѓа и Кунина Стена која ја крие мистеријата за стројната и убава Куна од село Цапари. Откако се свршила за мештанинот Митре, неговата мајка љубоморна на идната снаа почнала да шири невистини дека имала врска со месниот учител. По неколку дена Куна исчезнала, а дрвари случајно ја пронашле кај планинската карпа на 2000 метри надморска височина, полумртва и смрзната. Ја донесле в село и одвај ја повратиле во живот. Но, и ослабеле нервите и завршила во душевна болница во Белград..

На Копанки овците се поеле во борови копанки

Копанки е едно од најпознатите места на Пелистер, но малкумина знаат од каде доаѓа неговото име. Уште во турско време овчарите таму ги напојувале овците во копанки- издлабени борови стени полни со вода. Природните убавини и фауната често пати биле инспирација за имињата на некои локации. Така карпите на кои најмногу се збираат ластовици наречени се Ластојчин Камен. Местото каде орлите пијат вода Орлови Бари.26994939 334667540349952 639896536 n

Да се изработи детаљна топографска карта на Пелистер

На крајот од трудот Цолев запишал дека преку презентираниот материјалот сакал да укаже дека пелистерскиот регион душа дал за посети. „Но, непостоењето на топографска карта со ознаки на сите топоними , патеки за приод до нив, нивна опремененост со клупи, чешми, борова шума,смерека, ела и слично му ја отежнува целта на најдобриот намерник да направи поголема турнеја.“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани