АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ќе се кандидира за втор мандат на локалните Избори што треба да се одржат во Октомври годинава. Ова го потврди во емисијата Директно на Тера, која ќе се емитува во четврток, пренесе телевизијата.
-Тече внатрепартиската процедура за одредување на кандидати. Завршија оние состаноци по месните одбори за предлагање кандидати. Моето име стои на таа листа. После разговорот со моите деца и мојот сопруг, кој ми беше исклучително значаен, затоа што таа одлука не можам да ја донесам сама, одлучив да ја поднесам какнидатурата за втор мандат за градоначаник на Општина Битола. Но, ги почитувам процедурите и постпаките што ги спроведува партијата, затоа што сум човек кој има филозофија на алтернативи во своето живеење и функционирање. Никогаш не сакам да се заробам во нешто што значи слепо приврзување на само на едно нешто и губење на денот, наспроти тоа да го искористите максимум да го реализирате она за што сте избрани и она што можете да го оптимализирате во своите работни активности во текот на истиот, изјави Петровска