2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

КРАЖБАТА НА СЕМАФОРИТЕ НЕ БИЛА ПРИЈАВЕНА ВО ПОЛИЦИЈА

Април 03, 2018

Во битолската полиција нема пријава дека биле украдени семафорите од обиколницата над Битола. Портпаролката Сања Стаматова вели дека таков случај никој не пријавил во СВР Битола.

Зоран Илоски, технички директор на фирмата изведувач „Илинден“ од Струга која работи на санирање на свлечиштата на обиколницата, изјави дека случајот е пријавен во полиција од страна на вработен во фирмата, направен бил и записник, но се сомнева дека сторителите ќе бидат откриени, бидејќи како што вели, кражба на семафори имале и при реконструкцијата на делницата Ресен-Буково, но досега крадците не се откриени.

 

Инспекторот за патишта Сашо Здравевски во телефонски разговор рече дека од фирмата изведувач „Илинден“ го известиле дека семафорите некој ги украл и дека до четврток или петок ќе бидат поставени нови.

Редакцијата на Апла.мк во петокот направи фотографии од поставените семафори и ги објави на порталот, но вчера местото беше празно.

Денес обиколницата требаше да биде пуштена и официјално во употреба зашто ќе има реконструкција на влезот за Битола од страната на Прилеп, па возилата ќе треба да минуваат низ неа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани