АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
12 фудбалери од Фудбалскиот клуб „Пелистер“ и еден физиотерапевт претпладнево се затруле со храна откако јаделе во ресторан во Велес. Од ФК „Пелистер“ ја потврдија информацијата и велат дека фудбалерите биле однесени во велешката болница каде примиле инфузии. Фудбалерите денес требаше да играат натпревар во 16 часот во Скопје, а на пат за главниот град, запреле во Велес да јадат. Неколку часа по јадењето, им се јавиле стомачни тегови, па биле однесени во болница. Поради нивната здравствена состојба, натпреварот во Скопје е одложен.