2win800x200

Пандемијата ги врати младите дома, зголемен бројот на студенти на битолскиот Универзитет, но малку вакцинирани

Октомври 01, 2021

Пандемијата ги задржа младите дома, па се зголеми бројот на запишани студенти на битолскиот Универзитет во оваа академска година. Бруцуши има над 1250 за разлика од лани кога се запишаа 1100 студенти во прва година на факултетите на УКЛО. Но, анкетата спроведена во рамките на Универзитетот во Битола покажа дека само 39 проценти од студентите одлучиле да се имунизиррат, со што наставата во првиот семестар ќе се одвива онлајн.

-Пандемијата ги врати млдаите да студираат дома, ада состанат воз емјата и тактовината. Тоа е и шанса за државните универзитети да се посветат на своите студенти, да ги промениме студиските програми. Како резултат на тоа на нашите 11 единици на битолскиот универзите е зголемен растот, рече проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО.

u2

За разлика од студентите, 95 проценти од професорите и административниот кадар се вакцинирани, па ги повика студентите како дел од академската заедница, повеќе да веруваат во науката, наместо во теории на заговор.

-Ги повикувам студентите, да размислат, да не ги предизвкуваме последиците, напротив, да ја искористиме можноста да се вакцинираат. Само така ќе ја победиме пандемијата, ќе се вратиме во амфитеатрите, предавлните, ќе се вратиме на нормалното живеење, вие во дискотеките, баровите, рече Ѓуровски

На првиот академски час, професорите пред студентите проговорија за недостигот на кадар на државните универзитети, посебно асистенти и побараа државата да обезбеди вработување на подмладок,а, исто така, ги повикаа студнтите да се вклучат во битката против корупцијата во виското образование.

u1

-

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани