АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изминатиот викенд Шумската полиција со полни раце работа, а во три спроведени акции, затекнати се неколку прекршители.
Над манастирот Св. Јован над населбата Баир затекнати се две лица кои вршат бесправна сеча на огревни дрва и одземени се две пили. На мв. Браненица затекнато е моторно возило Лада Самара натоварено со бесправни огревни дрва, додека пред село Секирани на патниот правец с. Црнеец - Битола затекната е Опел Астра караван натоварена со бесправно посечени огревни дрва. Пилите и патничките моторни возила се одземени, а за сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат за апла.мк од Шумската полиција