2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Мимоза Богдановска Јовановска- единствена битолчанка избрана во Советот за граѓански сектор на Македонија

Април 17, 2018

Професорката од Факултетот за информатички и комуникациски техологии од Битола, д-р Мимоза Богдановска Јовановска, е избрана за член во Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор оформен по иницијатива на Генералниот секретаријат на Владата на Македонија. Професорката од Битола беше предложена како член од Научното друштво на Македонија со седиште во Битола, со што за првпат во историјата на Друштвото се случува директно на национално ниво да биде вклучено во креирањето на јавните политики поврзани со граѓанскиот сектор.

 

Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор брои 31 член, од кои 15 се претставници на владините министерства, а 16 претставници од граѓанскиот сектор. Совет беше конституиран вчера, а професорката Богдановска Јовановска како активистка со двасет годишно искуство во граѓанската сфера, верува дека граѓанскиот сектор може и мора да се избори за својата независност.

-Сметам дека имаме граѓански сектор кој што може да се избори за целите за кои е воспоставен и да се залага за решавање на проблемите кои ги засегнуваат тие области во кои работи. Така да, секоја чест на тие граѓански организации кои не подлежат на влијание на партиската определеност. Сметам дека ги има такви и дека во иднина, пошто сме млада држава,  с`е повеќе и повеќе ќе бидат гласноговорници на граѓанскиот сектор- рече професор д-р Мимоза Богдановска Јовановска.

Таа има мандат од три години..

„Нас ни се овозможува на национално ниво директно да придонесеме со својот потенцијал во работата на Советот како средство на граѓанските асоцијации за постигнување на поголема гласност и влијание“, рече д-р Марјан Танушевски, претседател на Научното друштво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани