2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СУСПЕНДИРАН СЛУЖИТЕЛОТ КОЈ УДРИ УЧЕНИК ВО УЧИЛИШТЕТО „КОЛЕ КАНИНСКИ“

Април 16, 2018

Служителот Ј. Т. удрил ученик во Основното училиште „Коле Канински” во Битола, потврдија од битолската полиција. Инцидентот се случил во саботата, кога училиштето одработувало работен ден, и тоа при крајот на големиот одмор..

 

Според очевидци, кавгата меѓу служителот и деветтоодделенецот настанала поради лименка со кока-кола која била оставена крај прозорецот. Лименката паднала, служителот побарал ученикот да ја крене, а тој одбил, по што се случил конфликтот.

Од битолската полиција потврдија дека родителите и ученикот случајот го пријавиле, а детето кажало дека било удрено од служителот. Од полиција велат дека детето било прегледано и во болница и имало видливи повреди. Против служителот е поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Од училиштето го осудија настанот и изјавија дека служителот, кој работи дваесетина години во „Коле Канински“, е суспендиран.

„Училиштето ги презеде сите мерки, ја извести полицијата по кратко време откако се случи чинот, па Државниот просветен инспекторат. Вработениот е суспендиран, свикана е дисциплинска комисија која ќе го истражува настанот. Се надевам ќе се расветли во иднина и сите правни процедури ќе бидат спроведени до крај”, рече директорот Зоран Мирчевски.

Од Клиничката болница во Битола потврдија дека ученикот бил прегледан и биле констатирани набиеници и гребаници.

„Во саботата, во нашата установа беше примено лицето А. С. родено 2003 година. Беше примено на Ургентното одделение и препратено до Максилно-фацијална хирургија. Таму биле утврдени огреботини и набиеници по лицето и вратот и биле санирани. Пациентот е пуштен на домашно лекување”, рече Сузана Коневска, портпарол на Болницата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани