2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

799 првачиња во Битола седнаа во училишните клупи

Септември 01, 2023

Со пригодна програма во школските клупи на битолските училишта денес седнаа 799 првачиња што е повеќе од лани кога имаше 783.

На почетокот на новата учебна година за сите ученици во основното и средното образование,  градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ги посети основните училишта „Д-р Трифун Пановски“ и „Коле Канински“, каде им посака успешна учебна година на сите ученици, особено на најмладите, првачињата, кои со возбуда го дочекаа првиот училиштен ден.

„Верувајте, нема поубав момент за мене, за родителите и наставниците, да го започнете денот со најмладите. Во мое име, во име на општина Битола и граѓаните на општина Битола, на најмладите, родителите и наставниците им посакувам многу трпение, многу успеси, многу смеа и радост, затоа што ако се потсетиме на моментите кога ние бевме на нивно место, тоа беа моменти на радост, но и на понекоја пуштена солза.

Ќе кажам еден статистички податок: од бројот на пријавени и запишани, имаме 799 првачиња, а минатата година имавме 783, што значи дека Битола нема пад во однос на запишаните првачиња. Бројот останува константен, што и не радува. Секогаш велам дека Битола има потенцијал, градот е жив и сите треба да се трудиме да помогнеме, секој во својот ресор, да овозможиме услови во овие тешки економски времиња за сите, да овозможиме воспитно-образовниот процес да се одвива како што треба. Овие моменти треба да се посветиме на враќање на семејството, на традиционалните вредности каде што децата треба да запомнат што е фамилија, што е училиште, бидејќи не е само образованието во прашање, туку и воспитниот процес во целост“, рече Коњановски.

ТРИФУН2

 

трифун 3

трифуј4

труфун5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани