2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЗАСТОЈОТ ТРАЕЛ КРАТКО, НО ДИРЕКТОРКАТА НЕ СТИГНАЛА НА СУДЕЊЕ

Септември 29, 2017

Полцијата нема информации дека директорката на средното медицинско училиште во Битола, Јасмина Никиќ Десановска, која е обвинета во случајот„ Транспортер“ на СЈО, вчера имала сообраќајна незгода како што објавија некои медиуми.

Скопскиот Основен суд соопшти дека  судскиот процес за  случајот “Транспортер“ , кој требаше да започне вчера, е одложена затоа што обвинетатата не била присутна на главниот претрес, а  заради сообраќајна несреќа била спречена навреме да пристигне на главната расправава. Судењето е презакажано за 6 ноември, а доколку обвинетата не се појави ќе добие опомена за стражарно приведување.

лава расправа за предметот од СЈО означен како „Транспортер“, која е прва глава расправа по истиот предмет, беше одложена заради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска, за која одбраната наведе дека заради објективни причини односно, сообраќајна незгода, била спречена навреме да пристигне од Битола во Скопје. Судечкиот совет, главната расправа ја одложи за 6 ноември 2017 год. во 11.00 часот за кога ќе испрати и опомена за стражарно приведување за обвинетата која не беше присустна на денешната расправа, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје1.

Од СВР Битола информираат дека вчера во 8,10 часот имаше сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско, кај местото Заполошки мост. Најверојтано, обвинетата била во колоната што се создаде заради застојот на овој патен правец, кој траеше само половина час. Вчера и екипата на apla.mk патуваше за Скопје и бевме очевидци на сообраќајната незгода. И од она што го видовме, но и од официјалната информација на СВР Битола, учесници во сообраќајот беа товарно возило „мерцедес“, со српски регистарски таблички и патничко моторно возило„ ауди“со кичевски таблички. При судир на двете возила, автомобилот беше удрен во предниот дел и левото крило, а камионот излизган надвор од коловозот. Според битолската полиција, повредени биле возачот на камионот, на возраст од 46 години, како и возачот на автомобилот, на возраст од 30 години. Пред 9 часот, патот Прилеп-Градско беше пуштен за сообраќај. 

Со една пауза од петнаесетина минути, екипата на apla.mkпристигна во Скопје во 10.30 часот. Но, зошто обвинетата не можела да стигне на судењето кое беше закажано во 10,30, е непознато. Директорката на средното медицинско училиште, Јасмина Никиќ Десановска, не ја добивме на нејзиниот мобиле телефон.

Од друга страна се поставува и прашањето на  одговорност во еден судски процес, при што не биле земени предвид сите околности и условите на пат во должина од 180 км, колку што е делницата од Битола до Скопје.

Кусиот прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп-Градско, вчера не беше регистриран ниту на веб страницата на АМСМ, а од таму велат дека на нивната страница информираат за застои на патиштата подолги од 2 часа, а вчера на целата територија на државата, немало таква состојба.

Инаку, во случајот „Транспортер“, обвинети се градоначалникот Владимир Талески и уште 20 лица, меѓу кои вработен во општината, директори на училишта и превозници, за злоупотреба на службената положба во врска со организирање на учишниот превоз во Битола, со што била предизвикана штета од 360 илјади евра врз општинскиот буџет.

Инаку вчера, сите обвинети се појавиле во судница, освен директорката на средното медицинско училиште во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани