2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ИЛИОСКИ НЕ ОДГОВОРИ ДАЛИ ЌЕ ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ВОДАТА

Септември 27, 2017

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, за време на чие директорување со јавното претпријатие „Водовод“ цената на водата беше поскапена за 115 проценти, денес не ни одговори конкретно дали ако стане градоначалник ќе ја поевтини водата.

 Илиоски на средбата со битолските Роми најави дека ако стане иден градоначалник ќе ги реши инфраструктурните проблеми, а за тоа дали ќе има промена на цената на водата не упати да прочитаме во неговата изборна програма.

-Како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата излегувам како лице кое во својот живот има направено доста и на професионален план и на личен план. Во програмата се предвидени прокетите кои ќе бидат реализирани. И од тие проекти нема отстапување. Дополнително ќе реализираме и прокети кои не се во програмата- рече Илиоски.

На прашањето дали намалувањето на  цената на водата е внесено во неговата програма, ни рече дека таа е јавна и секој може да ја прочита.

На интернет страницата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да најдеме информации за изборна програма.

Цената на водата во 2009 година беше поскапена за 115 проценти по барање на ЈП „Водовод“, па граѓаните наместо дотогашните 14 денари за метар кубен, плаќаа 30,5 денари. Подоцна следуваше дваесетпроцентно намалување на цената, но само за домаќинствата, а не и за стопанството.

                

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани