2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПОБЕДА СО РАЗЛИКА ОД НАД 5000 ГЛАСОВИ ПОБАРА ЗАЕВ ВО БИТОЛА

Септември 25, 2017

Победа во Битола со разлика од 5000 гласови побара лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот со кој ја стартуваа изборната кампања за престојните локални избори.

 -Битола, 3200 гласа колку што беа во декември 2016 година се мала разлика. Очекувам победа со повеќе од 5000 гласови разлика во Битола. Дојден сум да барам и молам поддршка поголема со разлика од 5000 гласови за да не им теже само на Наташа и на нашите советници, туку и на мене и на Владата, да работиме, за да го вратиме животот во Битола кој го паметите, да се живее подобро, овде да чекаме и деца и внуци, да се радуваме и гордееме со градинки и училишта,  добра инфраструктура, надежи за сегашни и идни генерации. Бараме поддршка за да дадете аманет, а ние наше заговештение пред вас, да работиме оти секој граѓанин е важен- рече Заев.

Пред неколкуилјадната публика битолчани вети дека ќе се зафати со решавање на најгорливите проблеми кои го тиштат градот, а на прво место аерозагадувањето до РЕК.

- Заедно се боревме зашто здравјето ни е најважно. Македонија се гуши од загадаен воздух, пример за тоа е и Битола, каде од сите страни се слуша лелек. Заедно со еколошките здруженија од Битола почнавме неделни состаноци со ЕЛЕМ, за да почнеме да работиме на враќање на еколошката заштита на Битола. Почнавме со реализација на набавка на магнетните филтри и изработка на стратегијата на комплетно ставање на филтрите во употреба - рече Заев.

Уште додаде дека  по парламентарните избори во декември, Македонија се менува, чекори по вистинскиот пат, а оваа Влада ги реализира проектите и реформите што ги вети. Досега се скратени 45 милиони евра непродуктивни трошоци, минималната плата е покачена на 12 илјади денари, вратена е евтината тарифа, укината е радиодифузната такса, се намалуваат трошоците за живот, се отвораат работни места за младите  и се враќа довербата за инвестирање.

-Ја вративме ефтината дневна тарифа на струјата од која имаат полза сите, посебно најсиромашните. Тоа е благодарение само на спречување на еден криминален тендер во Битола. Само на заштадите на помалку од 25 проценти на ископот и дотур на јаглен, 8 милиони евра се заштедите, толку е ефитната тарифа за цела Македонија-рече лидерот на СДСМ.  

Заедно со него на бината беа кандидатите за градоначалници на СДСМ и коалиционите партнери од сите општини во земјава. Тој нагласи дека ќе се развие секое катче во Македонија. Притоа истакна дека изборната програма ќе се потпира на четири столбови, прво, градење по план и квалитетен материјал, потоа обезбедување на чиста вода и воздух, трето развој на економијата и покачување на платите и четврто отворена и услужна општина за сите граѓани.   

Кандидатката за градоначалник, Наташа Петровска вети гасификација, реконструкција на Офицерскиот дом, Копанки пак да стане место за чаенки на битолчани, организиран сообраќаен режим, достапно паркирање за сите граѓани, решение за сметот , поголем хигиена, велосипедски патеки, паркови и друго.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани